Мултимедијалниот пакет е составен од друштвена борд игра (2 подлоги и 64 карти) и веб
апликација (игра со пишување и дигитален буквар). Помага во препознавање на букви и
зборови преку поврзување со слики и звуци, пишување,
читање, градење речник и овозможува развој во областа на социјализацијата, емоциите и
когницијата.
печатени материјали - преку кои детето се запознава со буквите и зборовите
дигитални
содржини - кои нудат слика, звук, анимација, интеракција и игра, и на сосем нов
и интересен начин му овозможуваат на
детето да го вежба материјалот
друштвени игри - преку кои детето го применува и надградува своето знаење
Играј едноставни и забавни игри за вежбање на физички, когнитивни, друштвени и јазични вештини, користејќи прикладни медиуми.
Букварот е составен од по една страна за секоја буква на која има слики на зборови кои започнуваат на таа буква. Дизајнот е минималистички и со големи слики наменети за деца! Во содржината на букварот се аплицира фотографија од детето во фигури на астронаут, жонглер, магионичар итн.
работни листови за пишувањеПреземи
Другарувај и помини време без екрани и други дистракции и гради силни меѓучовечки врски кои го поттикнуваат социјално-емотивниот раст и благосостојба.
Истражувај, расти и развивај се преку широкиот спектар содржини. Размислувај, меморирај, брои, одлучувај, преземи нови предизвици, изгради самодоверба.
Веб апликацијата nabukva.mk содржи звучни прикази на букви и зборови кои
кореспондираат со слики, насоки за правилно пишување преку анимации и игра преку
која децата ги пишуваат буквите на екранот.
Тест верзијата
можете да ја пробате на nabukva.mk
Учи ги малите и големите букви преку визуелни и аудитивни совпаѓања, правилно пишување со анимации и игра со следење на траекторија за секоја буква. Составување зборови, согласки и самогласки,...