АБВ со Македонка
- НА БУКВА, НА БУКВА - Веб апликација Отвори
- МОЈОТ БУКВАР - Печатен персонализиран буквар
- ОД А ДО Ш - Друштвени игри со 64 карти и 2 подлоги
Забавна и едноставна апликација дизајнирана да ги научи најмладите да препознаваат форми и бои. Преку цртање и боење на формите тие изработуваат детски илустрации. Апликацијата им помага на децата да изградат рани математички и когнитивни вештини и да ја развијат својата визуелна перцепција.
Апликацијата е интерактивна едукативна алатка која ги воведува децата во магичниот свет на традиционалните звуци од балканот. Преку неа, тие можат да ги откријат и истражат звуците на инструментите, да слушнат за историјата и приказните зад секој од нив, па дури и да се обидат да погодат кој инструмент свири. Од волшебните мелодии на тамбурата до ритмичките удари на штракалката, оваа апликација е совршен начин да се поттикне љубопитност и креативност кај младите умови.
Moedete.mk е непрофитна организација со мисија да обезбеди бесплатни, засекогаш достапни и културно релевантни образовни ресурси за децата, семејствата и воспитувачите. Квалитетни материјали на мајчин јазик за неформално образование играат голема улога во поддршка на учењето и развојот на децата и недостатокот на истите е голем проблем за малите заедници како нашата (~20 000 првачиња). Тие можат да им помогнат на децата да научат нови концепти, да ги подобрат своите вештини за решавање проблеми и да го направат учењето позабавно и попривлечно.
Најголемиот степен на развивање кај децата се случува во најраната возраст. За жал, децата од неанглиско говорно подрачје се соочени со недостаток на квалитетни едукативни содржини, а тоа е сè повпечатливо кај помалите заедници. Со користење на предностите кои ги нудат новите технологии, моедете.мк е фокусирано на развивање на висококвалитетни едукативни пакети на мајчин јазик.
Состојбите во нашето образование, недостатокот на квалитетни содржини на мајчин јазик, како и традиционалниот модел на едукација (ист пристап за сите), не ги искористуваат предностите на иновациите од денешницата.
Учењето преку друштвен ангажман, како и соодветно дизајнирани и анимирани содржини е забавно. А,
кој не сака да се забавува? :)
Запознавање:
Користејќи персонализирани материјали учителот
(старателот) го запознава детето со темата и преку основни прашања и објаснувања го мотивира
детето, му ја укажува целта и што ќе му биде потребно да ја достигне истата.
Вежбање:
Со
задавање на забавни предизвици детето преку игри и интерактивни содржини го надградува своето
знаење. Во оваа фаза детето прави стратегија, ги користи своите вештини и навики, и преку
завршување на задачите учи, истражува и вежба.
Примена:
Во оваа фаза децата преку дела,
игри, презентации, тимски или поединечно го применуваат и демонстрираат стекнатото знаење, со
што се создава одговорност и поголема мотивација, како и анализа како го стекнале тоа знаење.
Користејќи го мајчиниот јазик, квалитетно дизајнирани и печатени материјали, оптимизирани веб апликации и игри, играчки, друштвени игри...