АБВ со Македонка

АБВ со Македонка

  • МОЈОТ БУКВАР - Печатен персонализиран буквар
  • НА БУКВА, НА БУКВА - Веб апликација
  • ОД А ДО Ш - Друштвени игри со 64 карти и 2 подлоги
Бројките со Македонка

Бројките со Македонка

  • 1 плус 1 - Веб апликација
  • Друштвени игри
Бројките со Македонка

Формите со Македонка

  • Цртај ги формите - Веб апликација
  • Играчки

Добредојдовте во моедете.мк

Мисија
Да им помогнеме на децата да го достигнат својот целосен потенцијал

Најголемиот степен на развивање кај децата се случува во најраната возраст. За жал, децата од неанглиско говорно подрачје се соочени со недостаток на квалитетни едукативни содржини, а тоа е сè повпечатливо кај помалите заедници. Со користење на предностите кои ги нудат новите технологии, моедете.мк е фокусирано на развивање на висококвалитетни едукативни пакети на мајчин јазик по пристапни цени.

Зошто

Состојбите во нашето образование, недостатокот на квалитетни содржини на мајчин јазик, како и традиционалниот модел на едукација (ист пристап за сите), не ги искористуваат предностите на иновациите од денешницата.

Како

Учењето преку друштвен ангажман, како и соодветно дизајнирани и анимирани содржини е забавно. А, кој не сака да се забавува? :)
Запознавање:
Користејќи персонализирани материјали учителот (старателот) го запознава детето со темата и преку основни прашања и објаснувања го мотивира детето, му ја укажува целта и што ќе му биде потребно да ја достигне истата.
Вежбање:
Со задавање на забавни предизвици детето преку игри и интерактивни содржини го надградува своето знаење. Во оваа фаза детето прави стратегија, ги користи своите вештини и навики, и преку завршување на задачите учи, истражува и вежба.
Примена:
Во оваа фаза децата преку дела, игри, презентации, тимски или поединечно го применуваат и демонстрираат стекнатото знаење, со што се создава одговорност и поголема мотивација, како и анализа како го стекнале тоа знаење.

Со што

Користејќи го мајчиниот јазик, квалитетно дизајнирани и печатени материјали, оптимизирани веб апликации и игри, играчки, друштвени игри...

facebook