На буква, на буква

  • Двострана друштвена игра со 64 карти.
  • Во „од А до Ш‟ дечињата влечат карта, изговараат збор на буквата од картата и одат онолку полиња напред колку што е наведено на картата.
  • „Зборови‟ е игра каде што играчите избираат 12 од 64-те карти. Кој ќе состави поголем збор од картите, добива поени колку што има букви во зборот.
  • „Меморија‟ со 64 карти, - пронајди ја истата буква ...
  • Веб апликацијата NABUKVA.MK содржи звучни прикази на букви и зборови кои кореспондираат со слики, насоки за правилно пишување преку анимации и игра преку која децата правилно ги пишуваат буквите со следење на траекторија на екранот.

290ден*

Нарачај

* во цената не е пресметан трошокот за достава

МОЈОТ БУКВАР

  • печатен персонализиран буквар, со аплицирана фотографија од детето
  • книга која останува како спомен цел живот
  • Уникатен пристап кој ја дава основата на писменоста на мајчин јазик
  • А3 постер со аплицирана фотографија од детето и македонските букви
  • На буква, на буква со Македонка, друштвена игра и веб апликација

1490ден*

Нарачај

* во цената не е пресметан трошокот за достава

Учи, Играј, Истражувај, Другарувај

со Македонка.

Пакет-содржини којшто им помага на вашите дечиња да ја научат македонската азбука

Мултимедијалниот пакет е составен од друштвена борд игра (2 подлоги и 64 карти) и веб апликација (игра со пишување и дигитален буквар). Помага во препознавање на букви и зборови преку поврзување со слики и звуци, пишување, читање, градење речник и овозможува развој во областа на социјализацијата, емоциите и когницијата.
печатени материјали - преку кои детето се запознава со буквите и зборовите
дигитални содржини - кои нудат слика, звук, анимација, интеракција и игра, и на сосем нов и интересен начин му овозможуваат на детето да го вежба материјалот
друштвени игри - преку кои детето го применува и надградува своето знаење

МОЈОТ БУКВАР - печатен персонализиран буквар

Букварот е составен од по една страна за секоја буква на која има слики на зборови кои започнуваат на таа буква, како и по една страна за пишување. Дизајнот е минималистички и со големи слики наменети за деца! Во содржината на букварот се аплицира фотографија од детето во фигури на астронаут, жонглер, магионичар итн. За секоја буква има и по една страница за вежбање.

работни листови Преземи

ОД А ДО Ш - друштвени игри со 64 карти и 2 подлоги

  • „Меморија‟ со 64 карти, - пронајди ја истата буква
  • „од А до Ш‟ е борд игра со 62 полиња, каде дечињата влечат карта, изговараат збор на буквата од картата и одат онолку полиња напред колку што е наведено на картата.
  • „Зборови‟ е игра каде што по случаен избор се одбираат 12 од 64-те карти (6 согласки и самогласки). Кој ќе состави поголем збор од картите, добива поени колку што има букви во зборот.

НА БУКВА - веб апликација

Веб апликацијата nabukva.mk содржи звучни прикази на букви и зборови кои кореспондираат со слики, насоки за правилно пишување преку анимации и игра преку која децата ги пишуваат буквите на екранот.
Апликацијата е во бета верзија (се снима нов звук и се изработуваат нови анимации). Тест верзијата можете да ја пробате на nabukva.mk

  • Играј едноставни и забавни игри за вежбање на физички, когнитивни, друштвени и јазични вештини, користејќи прикладни медиуми.

  • Учи ги малите и големите букви преку визуелни и аудитивни совпаѓања, правилно пишување со анимации и игра со следење на траекторија за секоја буква.Составување зборови, согласки и самогласки,...

  • Истражувај, расти и развивај се преку широкиот спектар содржини. Размислувај, меморирај, брои, одлучувај, преземи нови предизвици, изгради самодоверба, разбери се себе си и другите и достигни го својот потенцијал.

  • Другарувај и помини време без екрани и други дистракции и гради силни меѓучовечки врски кои го поттикнуваат социјално-емотивниот раст и благосостојба,

Лајкни не и учествувај во наградни игри